Второ прскање против комарци на територија на Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот од 17.05 до 20.5.2022 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Ова е второ прскање, по првото кое се изврши на 29.4.2022 година, со што навреме почна овој процес.

 

Доколку временските услови се неповолни, терестричната дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

 

Се повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.