(Видео) Божиновска: Арсовска мисли дека бесплатен јавен превоз е приватните превозници да возат бесплатно за ЈСП

Поради неспособноста на Данела Арсовска од денеска целата општина Шуто Оризари е отсечена од јавниот автобуски превоз, обвини Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

„ Три месеци Градот предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не исплаќа надомест кон приватните превозници, па затоа тие денес решија да престанат со возење на линиите кои ги опслужуваат. Со тоа се десеткуваше возниот ред на автобусите, а кон Шуто Оризари автобуси речиси и не сообраќаат биде со линиите „19“ и „20“ располагаат приватните превозници.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=7FENgPFGiqI&feature=emb_logo

Во време на економска криза, Арсовска не ги исплаќа своите обврски, а десетици илјади граѓани се оставени без автобуски превоз и имаат дополнителни трошоци за да стигнат до своите работни места. Арсовска докажа дека не е способна да го менаџира и актуелниот систем на јавен превоз, а не пак да набави нови 250 автобуси и да воведе бесплатен јавен превоз. Или Арсовска можеби мисли дека бесплатен автобуски превоз подразбира приватните превозници да водат бесплатно за ЈСП и Град Скопје?“ изјави Божиновска.

Таа додаде дека Арсовска потрошила шест месеци од мандатот и дека не само што не реализира ниту еден проект, туку прекинала и важни проекти од нејзиниот претходник.

„ Освен за личните и интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не се грижи за ништо, ги заборави граѓаните, а градската администрација и јавните претпријатија ги наполни со партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Арсовска дефинитивно е најнеуспешниот градоначалник на Скопје и најголемо разочарување за скопјани“ порача Божиновска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.