Започна чистењето на кејот на река Вардар

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје почнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар.

Деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат на двете страни од кејот и истите се во вкупна должина од околу 3.500 метри.

На овој потег екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае, соопштија од прес-центарот на Град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.