Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка - од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција ја образложи состојбата со карпата. Тој објасни дека карпата се наоѓа во ваква позиција долго време.

 

 

„Според добиените фотографии, може да се забележи одредена нестабилност, а ние како институција испративме барање до повеќе релевантни установи што треба да излезат на терен“, информира денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

При паѓање на карпата би била предизвикана лавина од други камења и карпи и таа би паднала на местото каде што се испушта вода, која оди во хидроелектраната.

„Во овој момент нема место за кревање никаква паника, но воедно ја известуваме фирмата што стопанисува со чамците што пловат во кањонот Матка полни со туристи и до нив препорачуваме и апелираме местото на предниот дел, блиску до браната, да не го користат поради оваа многу мала можност од одрон на оваа огромна карпа. Иако ризикот е многу мал, како сериозна институција, на која безбедноста на граѓаните ѝ е на прво место, сакаме да дејствуваме превентивно и повикуваме овој дел блиску до ѕидот на браната да не се користи“, изјави Ангелов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.