Арсовска: Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, од денешниот митинг во Центар истакна дека промените во Центар се извесни, а Oпштина Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола и изрази голема поддршка за Наташа Котлар за која истакна дека е човек што ќе се бори против урбаната мафија и за почиста општина за сите центарци.

„По првиот круг, сонце го огреа Скопје, сонце на промените, кои се извесни во градот, промени на модерното Скопје“, рече Арсовска на митингот вечерва во Центар.

Арсовска упати голема поддршка за професорката Наташа Котлар, им се заблагодари на центарци за досегашната поддршка за поубав град и посочи дека визијата на кандидатката за Скопје, Котлар, која е имуна на корупцијата, е да се бори против урбаната мафија, како и почиста општина за сите граѓани.

„Нашата визија за Центар е тој да биде пример за тоа дека во Скопје можеме да живееме во европска модерна метропола, а токму од Центар ќе почнат промените за следните четири години, разликата од 8.000 гласа во првиот круг е јасна и е предвесник на промените што доаѓаат, за десет дена Центар и Скопје ќе имаат нови градоначалници, кои ќе бидат ветерот на промените“, рече Арсовска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.