Казнети 213 возачи во Скопје, од кои 34 за брзо возење

Полицијата вчера казни 213 возачи во Скопје, од кои 34 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли. Изречени се девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 15 за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, 77 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.