Митева: Шилегов набавува чешми во вредност од 1.500 евра

Шилегов набавува урбана опрема по рекордно висока цена. Клупата во вредност од 500 евра е помало изненадување од јавната набавка на чешми за вода во вредност од 1.500 евра.

Градоначалниците на Скопје, на чело со Шилегов, склучуваат договори за јавни набавки, во кои цените на иста урбана опрема, со иста тендерска спецификација, варираат од година на година, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако го отворите системот за јавни набавки, ќе се забележи дека Шилегов во 2019 година извршил јавна набавка на чешми за вода, чија единична цена била 69.000 денари, а во 2020 и 2021 година чешмата веќе чини 89.000 денари. А станува збор за идентична чешма, со исти карактеристики како онаа што пред две години била 20.000 денари поевтина.

На Град Скопје му недостигаат многу работи и во економска криза начинот на кој Шилегов ги троши народните пари се доказ за неспособноста и нерационалното располагање со градската каса. Шилегов нема долгорочна стратегијата за одржлив развој во нашиот град. Затоа, бројките говорат дека Град Скопје има зголемување на долгот осум пати повеќе од кога градоначалник е Шилегов. Капиталните инвестиции за Шилегов се мисловна именка, но затоа чешмите во вредност од 1.500 евра се она што го добиваат скопјани“, рече Митева.

Таа порача дека време е Шилегов да замине, а со него да замине и неработењето. Според Митева, на Град Скопје му треба посветеност и работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.