Се расчистува дивата депонија во Рашче

Град Скопје од денеска ја расчистува големата дива депонија на влезот во село Рашче. Од ова сметиште ќе бидат подигнати над 2.000 кубни метри отпад.

„Нашата цел е да спречиме повторно создавање на депонијата и да спречиме палење и загадување на амбиенталниот воздух. Град Скопје изминатиов период интензивно работи на расчистување на повеќедецениски диви депонии. Ги расчистивме депониите во Кисела Вода, во Мичурин, во Визбегово и во дел од Вардариште, кои полека прераснуваат во убави паркови и во места каде што скопјани може да го поминуваат своето слободно време во здрава животна средина“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Акцијата за расчистување на оваа дива депонија Град Скопје ја спроведува во соработка со Општина Сарај, јавните градски претпријатија и со механизација од локалната бизнис-заедница.

Шилегов најави дека веднаш по расчистувањето на оваа локација, Град Скопје и Општина Сарај ќе имаат засилен инспекциски надзор за да се спречи повторно создавање на депонијата и да се казнат оние што фрлаат отпад и создаваат вакви сметишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.