Казнети 154 возачи во Скопје, од кои 46 за брзо возење

Полицијата вчера казни 154 возачи во Скопје, од кои 46 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол. Изречени се 5 санкции за користење мобилен телефон, 32 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 14 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.