Нови 68 заразени со коронавирус хоспитализирани во ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 23 примени пациенти, 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 48 болни, велат од здравство.

Вкупно 688 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, додаваат од таму.

Појаснуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, известува МЗ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.