Во ковид-центрите во Скопје примени нови 64 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 31 прием.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во „Козле“ биле примени 4 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент.

Во моментот во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на коронавирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 80 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.