Се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски - Карпош

Деновиве се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски - Карпош, наспроти паркот во Чаир. Овие семафори се поставуваат на барање на граѓаните, бидејќи на оваа локација во минатото се случија поголем број сообраќајни незгоди, соопшти Град Скопје.

„Тука за првпат се поставуваат пешачки семафори и со нив ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред сè на пешаците.

Поставувањето на семафорите, доколку дозволат временските услови, треба целосно да заврши во текот на наредната недела, а нивното пуштање ќе се реализира по целосното завршување на административните постапки со ЕВН и поставувањето на сите потребни електрични инсталации и броила“, соопшти Град Скопје.

Изминатиов период, на барање на граѓаните, семафори беа поставени на крстосницата кај „Реплек“ во населбата Козле, на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, на булевар Србија (кај полициската станица), а посебни тастери со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин се поставени на семафори на повеќе локации во градот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.