Утре без вода улици од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, 13.01.2021 година, поради реконструкција на водоводна мрежа Ф 80 мм на улица Васил Ѓоргов бб,

пред влезот на катната гаража Зебра, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Васил Ѓоргов - броеви 18 и 20 и корисниците од  улица Народен Фронт од број 5 до бр. 21. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае се до завршување на реконструкцијата.

Истовремено, поради уличен водоводен дефект на улицата Февруарски Поход на крај на автобуска станица на број 5,  со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Бул. АСсном, ниска зона. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае се до завршување на работите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.