Водовод со нова акција за исплата на долгови без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без камата за задоцнето плаќање.

Акцијата за наплата на долговите без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 2 ноември до 15 декември годинава. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

„Имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот“, се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација- Скопје.

Од таму додаваат и дека процесот за наплата ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на коронавирусот.

„Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита“, стои во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.