Без струја делови на Кисела Вода, Чучер Сандево и Сарај

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Чучер Сандево и Сарај.

Во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од улицата Драчевска во населбата Драчево (општина Кисела Вода), од 8.30 до 14.30 часот корисниците од улицата Пушкинова бр. 1, 3, 6 и 21 (општина Кисела Вода) и во периодот од 9.30 до 14 часот корисниците од селата Глуво, Бразда, Горно и Долно Оризари, како и дел од корисниците од село Мирковци (општина Чучер Сандево), а во периодот од 11 до 13.30 часот дел од корисниците од село Радуша (општина Сарај).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.