Во еден ден казнети 467 возачи во Скопје

МВР во текот на вчерашниот ден (14. октомври) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје, сообраќајната полиција изречекла вкупно 467 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола за 60 лица, 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 мерки за непрописно паркирање и 60 возила подигнати со пајак.

Изречени биле и 46 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.