СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Ќе се прска против комарци, бесплатно се собираат остатоци од берба, Георгиевски даруваше крвна плазма

Градот Скопје ги известува граѓаните дека четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.08.2020 година (понеделник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Град Скопје продолжува со бесплатно собирање остатоци од берба

 

Град Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот Плански Регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност во сезоната на садење да добие 30-ина килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Град Скопје.

Минатата година оваа кампања првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и „МДЦ-Ти.нет“ и даде одлични резултати - бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на речиси 700 кубни метри органски отпад.

Оваа година во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на разните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк банка со поддршка на промотивните активности.

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски донираше крвна плазма

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на Институтот за трансфузиона медицина донираше крвна плазма.

 „ Многу сум среќен затоа што успеав си го исполнав ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и се создадат услови, ќе дарувам крв за да дадам шанса за успешно лекување, исто како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен. Откако се изборив со инфекцијата на Ковид-19 и по низата испитувања и процедури, се востанови дека ги исполнувам условите за дарување на конвалесцентна плазма. Воопшто не се двоумев и веднаш се пријавив за донирање на плазма“, рече градоначалникот Георгиевски.

Тој упати и апел до сите лица кои се избориле со Ковид-19 да даруваат крв, за да им дадам шанса на оние кои допрва ќе поминуваат низ оваа голгота, полесно да ја пребродат.

„ Сакам да порачам дека од големо значење е да сфатат сите кои се излекувале од оваа инфекција дека колку повеќе лица даруваат крв, толку повеќе наши сограѓани ќе можат полесно да се изборат со Ковид-19 затоа што крвната плазма на лицата кои биле излекувани, имаат антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а се врзува за вирусот на организмот на болниот, го намалува неговото дејство и со тоа ја намалуваи прогресијата на болеста“ додаде Георгиевски.

Затоа, Ве охрабрувам сите кои што успеавте да се изборите со болеста, да донирате крвна плазма, затоа што нема поубаво чувство од тоа да спасите нечиј живот, посочи Георгиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.