Денеска и утре времен сообраќаен режим на улицата Александар Урдаревски во Бутел

Поради финално асфалтирање на улицата Александар Урдаревски во Бутел е воведен времен сообраќаен режим, информираат од Град Скопје.

 

Денеска и утре улицата Александар Урдаревски целосно е затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки.

 

В петок, улицата Александар Урдаревски целосно ќе биде затворена за сообраќај на потегот од крстосницата со улицата Натанаил Кучевишки до крстосницата со улицата Бутелска.

 

Сообраќајот во овој дел од градот во овие два дена, додека се одвиваат градежните работи, ќе биде преносачен по улицата Цетинска. Исто така, и возилата од јавниот превоз кои сообраќаат по улицата Александар Урдаревски се пренасочени.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.