СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Спортска опрема и облека за училиштата во Аеродром, електронски барања во Водовод, подготовки за ликовната колонија Љубанци 2020

Општина Аеродром набави комплетно нова спортска опрема и спортска облека за сите осум основни училишта на нејзината територија.

 

Опремата се состои од топки за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, мрежи и голови за ракомет, греди, отскочни штици, душеци, јарци за гимнастички вежби, маси за пинг-понг и многу други спортски реквизити наменети за развој на спортот во училиштата.

 

Исто така, за учениците е набавена и спортска облека, дресови и шорцеви, во осум различни бои, колку што има основни училишта на територијата на општината.

 

Започнуваат подготовките за организирање на Ликовната колонија Љубанци 2020

 

Општина Бутел на својата веб страна го објави организаторот на десеттата по ред манифестација, Ликовна колонија ,,Љубанци” 2020 година.

 

Согласно објавениот јавен повик, комисијата одлучила средствата во износ од 150.000,00 денари да се се доделат на: - „ДЕТСКИ ЛИКОВЕН ЦЕНТАР-ГРАДСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИКОВНИТЕ ПЕДАГОЗИ- СКОПЈЕ“.

 

За оваа намена се одвоени 150.000,00 денари од Буџетот на Општина Бутел за 2020 година, пишува во објавата.

 

Инаку традиционалната, десетта по ред манифестација Ликовна колонија –,,Љубанци” 2020 година ќе се одржи од 24-31 aвгуст годинава, во живописното село Љубанци.

 

Како и секоја година, така и оваа организаторите на ликовната колонија ќе претстават ликовни творци од земјава и од странство.

 

Електронски барања за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје

 

На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да поднесуваат барања за издавање на решенија за следните услугиприклучок на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, двоење во шахта, реконструкција на приклучок, барање за друг тип на објекти (правни лица) и барање за хидротехнички услови.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.