СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Летни сцени во Парк, ќе се финасираат скопските занаетчии, прскање против комарци

Вечерва со почеток во 19 часот Град Скопје организира изложба на отворено на која ќе бидат прикажани пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје.

Градските власти информираат дека на конкурсот пристигнале 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот, во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Градот ќе додели три први награди од 70.000 денари, за најдобрите на секоја локација.

 

Градот Скопје ќе ги финансира скопските занаетчии

Градот Скопје објави јавен повик за субвенционирање занаетчии во градот Скопје за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање за 2020 година.

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Субвенциите важат и за алат и за репроматеријал набавен од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 15.12.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени милион денари. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција.

 

Авионско прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 26 јуни, во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.