СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Градинка во Карпош, парк во Аеродром, гумени столбчиња во Бутел, Дрисла се поднови

Новата градинка во Бардовци „Виножито“ е објект кој е изграден со поддршка од Европската Унија, информираат од општината.

Оваа предучилишна установа е наменета за најмладите кои живеат во Бардовци и Злокуќани и обезбедува згрижување на 78 деца. Истата е енергетски – ефикасна, опремена со современи дидактички материјали и еко – играчки.

Општина Карпош, моментално работи и на реконструкција на најстариот објект на градинка во Карпош, а тоа е „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Заменети се сите прозорци на објектот, обновени се тоалетите, а во претстојниот период целосно ќе се санира и фасадата.

 

СЕ ГРАДИ ПАРК ВО НАСЕЛБА ОСТРОВО

Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики, информираат од општината.

Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2.

ГУМЕНИ СТОЛБЧИЊА НА ЌЕМАЛ СЕЈФУЛА ВО БУТЕЛ

Од Општина Бутел информираат дека се поставени гумени столпчиња за регулирање на сообраќајните текови на улицата Ќемал Сејфула, пред средното економско училиште “Арсениј Јовков,,.

Оттаму додаваат дека е извршено и обележување на хоризонталната сигнализација на коловозот. Целта е безбедно одвивање на сообраќајот на прометната улица.

НОВ СТЕРИЛИЗАТОР ВО ДРИСЛА

ЈП „Депонија Дрисла“ - Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет, соопшти Град Скопје.

„Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на 'Дрисла' како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето“, додаваат од градот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.