СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Долговите за вода на рати, над 300 заболени од коронавирус во Чаир, 860 решенија за изолација

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите на рати без камата.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 17 јуни до 31 јули.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, соопштија од претпријатието.

 

Чаир со над 300 активни случаи на заразени со коронавирус

Во Скопје во моментов има 1.323 активни случаи на коронавирус. Само денеска регистрирани се 97 случаи во главниот град, а починале и петмина скопјани во изминатите 24 часа.

Според податоците на Министерството за здравство, најголемо  жариште и понатаму е скопската општина Чаир каде во моментов има 302 заболени.

Зад Чаир се општините Аеродром и Бутел со 118 и 110 заболени лица.

Понатаму, во Гази Баба има 104 активни случаи, Центар - 105, Карпош – 94, Сарај – 96, Кисела Вода – 64,  Ѓорче Петров – 53, Студеничани – 52,  Шуто Оризари – 40, Арачиново – 33, Илинден – 27, Петровец – 9, Чучер Сандево – 7, Сопиште – 8, Зелениково-1.

Вкупно, во изминатите 24 часа во Македонија регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19, починаа 8 лица, а оздравени се 34 пациенти.

 

На 860 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие, на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 559 прекршоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.