СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Училиште во Аеродром, егзотични фламинга во ЗОО, самоодржлива градинка во Центар, трим-патека во Кисела Вода

Во тек се градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

Се очекува објектот да биде пуштен во употреба идната година.

Новото училиште е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици.

Училиштеото ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците, соопштија од Општина Аеродром.

НОВО ЖИВЕАЛИШТЕ ЗА ЕГЗОТИЧНИ ФЛАМИНГА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Зоолошката градина во Скопје за првпат е збогатена со егзотични птици од видот фламинго, а Градот Скопје инвестираше во изградбата на нивното ново живеалиште.

Живеалиштето претставува мала лагуна со многу зеленило, езерце за фламингата, како и посебен дел за хранење на птиците.

Сите кои сакаат да ја посетат зоолошката градина треба да ги почитуваат мерките за држење растојание, носење заштитна опрема и редовна дезинфекција на рацете.

РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА ДОБИЛЕ 231 ЛИЦЕ, РЕГИСТРИРАНИ 1.022 СЛУЧАИ НА НЕНОСЕЊЕ МАСКА

Во текот на изминатото деноноќие на 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека двајца не ги почитувале мерките.

Во однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани биле 1.022 прекршоци.

КОМУНАЛНИ РЕДАРИ ЌЕ ГИ ЕДУЦИРААТ СКОПЈАНИ КАКО ДА СЕ КОРИСТАТ ПОЛУПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ

Комуналните редари на Град Скопје во наредниов период ќе ги едуцираат граѓаните како правилно да го одлагаат отпадот во новите полуподземни контејнери.

Овие контејнери имаат предности во однос на другите садови за отпад бидејќи имаат поголем капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација.

Овој пилот проект дава можност и за селектирање на отпадот, а граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад.

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГРАДИ ПРВА САМООДРЖЛИВА ГРАДИНКА

Претставено е идејното решение за изградба на првата самоодржлива градинка во државата.

Објектот ќе овозможи 70 отсто самоодржливост и енергетска ефикасност.

Според проектот, новата градинка ќе биде со нето површина од 1.500 м² и ќе има капацитет за згрижување 150 деца.

Објектот ќе биде лоциран во непосредна близина на ООУ „11 Октомври“.

ВО КИСЕЛА ВОДА СЕ ГРАДИ ЗАТВОРЕН ПЛИВАЧКИ БАЗЕН И ТРИМ-ПАТЕКА

Базенот, кој го гради Агенцијата за млади и спорт, ќе биде со широчина на коритото 8,9 метри, должина 25 метри и длабочина од 0,8 до 1,2 метар.

Во исто време се вршат градежни активности за проширување и целосна реконструкција на трим-патеката во должина од 2 километра, лоцирана покрај железничките пруги.

Додека се одвиваат градежните активности на трим-патеката, од општината ги замолуваат граѓаните за трпение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.