СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Крај на учебната година, подземни контејнери во Карпош, засилени полициски контроли

Владата донесе одлука во секое решение за изолација да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата „Стоп корона“, заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот.

 

Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на лицето кое не ги почитувало мерките.

ЗАСИЛЕНИ ПОЛИЦИСКИ КОНТРОЛИ ВО СКОПЈЕ, АРАЧИНОВО, СТУДЕНИЧАНИ, ИЛИНДЕН, ПЕТРОВЕЦ И ЗЕЛЕНИКОВО

МВР и инспекторатите започнаа да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број новозаболени од коронавирус.

Засилени контроли и мониторинг има во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, како и во околните општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.

Контролите се однесуваат на спроведување на мерките за заштита, како и на санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

ЗАВРШИ УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ВОНДЕРНИ УСЛОВИ

Учебната 2019/2020 година денеска завршува во вонредни услови.

Учениците од сите основни средни училишта, речиси цело второ полугодие спроведуваа настава по електронски пат, како резултат на прекинот на воспитно – образовниот процес поради Ковид – 19.

Иако денеска изостана другарувањето по училишните холови и дворови, 10 – ти јуни за секое дете е еден од најсреќните денови во годината.

ВО КАРПОШ 3 СЕ ТЕСТИРААТ НОВИ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

Во Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери.

Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од финско производство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.