СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Фекална канализација во Волково, парични награди за првенците во Карпош, пакети со храна во Центар

Проектот чија должина е 7 километри стартува од улица „22“, а продолжува на уште 6 километри во Волково, Волково-Пржина, Кисела Јабука и Стопански двор.

По завршувањето на градежните работи ќе останат уште 13 километри за изградба од фекалната мрежа во овој дел на општината.

За тој дел има изработено проектна документација, која треба да се реализира идната година со владина поддршка, информираат од општината.

 

НАГРАДИ ЗА ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА ВО КАРПОШ

 Советот на Општина Карпош донесе одлука 10 полуматуранти кои  ќе бидат првенци на генерацијата да добијат финансиска награда од по 10.000 денари.

 Средствата се обезбедени од општинскиот буџет, а ќе се однесуваат на првенците од сите основни училишта.

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДЕЛИ 1000 ПАКЕТИ ХРАНА ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗАТА

 Пакетите со прехранбени производи секојдневно се доставуваа во домовите на граѓаните кои не можеа да ги обезбедат секојдневните потреби за храна.

 Пакетите се делеа на примателите на социјална помош, пензионерите со ниски примања, згрижувачките семејства, групните домови, Центарот „Порака“, како и во полициските станици.

 Според проценките, за овој период се поделија над 30 тони храна, која беше обезбедена од повеќе компании во координација со здружението „Банка за храна“, информираат од општината.

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.