Ново работно време на Управните служби во МВР во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје дека согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје.

 

Новото работно време ќе важи и за неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.

 

За таа цел започнувајќи од утре, 28.05 (четврток), секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ како и дисперзираните канцеларии во ,,Беко,, и ,,Ѓорче Петров,, ќе биде со почеток од 07.30 часот до 20.00 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во ,,Бутел,, и ,,Драчево,, работното време од понеделник до петок ќе биде од 10.00 до 18 .00 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.