СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Фејсбук преписка за градските автобуси меѓу сегашниот и минатиот градоначалник

Ова се фејсбук статусите, кои во изминатите два дена си ги разменија сегашниот и минатиот градоначалник на тема: Набавка нови автобуси за градскиот возен парк.

 

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, по најавата дека во градот се пристигнати седум нови еко-автобуси, напиша:

-Петре купил 33 автобуси. Во првите три години од мојот прв мандат набавивме 320 автобуси. Значи на Петре ќе му им требаат 10 мандата да го замени возниот парк на ЈСП.

 

Шилегов на тоа му одговори:

 

-Менувањето на флотилата на транспортно претпријатие (во нашиов случај ЈСП) е перманентна активност. Само тотално неук и лаик врши промена на флотилата одеднаш. Од проста причина што на тој начин, целата флотила наеднаш се амортизира и станува неупотреблива. Ние годинава менуваме 33, а за две години уште 60 автобуси. Со наши, градски пари. Не ни се поклон од државата.

П.С. На дуелот го учев англиски (не знае ни збор да бекне), а богами и математика. Еве сега нека учи (види) што е градски автобус.

П.П.С. За разликите во техничките карактеристики, спецификации и квалитет, веројатно не треба да се зборува.

П.П.П.С (П.С) е кратенка од латински и се чита пост скриптум. Во превод на македонски значи: отпосле напишано. Ова, за ако го читаш сам постов. Да не бараш некој да ти преведува.

И да, Скопје продолжува. Во една друга, многу поинаква приказна.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.