Во тек се градежните активности за монтажната болница до Клиниката за инфективни болести

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Претходно, овој простор со меѓуинституционална соработка беше расчистен во рекорден рок од страна на екипите на Град Скопје, Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство.

Со ослободување на просторот од околу 4000 м2 создадена е можност за интервентен развој и дополнување на капацитетот на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Ослободената локација до инфективна клиника во моментов има огромна предност заради близината на сите капацитети на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, клучните Институти и самата Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Со оглед на состојбата со коронавирусот, Град Скопје го помага Министерството за здравство, со реализација на низа градежни и инфраструктруни активности во кругот на Клинички центар Мајка Тереза. Покрај активностите за расчистување и уредување на просторот до инфективна клиника, се прошири влезот во клиничкиот центар и се отвори траса за интервенти возила до ургентниот центар, како и посебен влез кон инфективната клиника.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.