Привремен сообраќаен режим на булеварот АСНОМ и улицата Васко Карангелевски

Центарот за управување и контрола на сообраќајот ги известува граѓаните дека во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на мост на реката Вардар што ќе ги спои улицата Васко Карангелевски и улицата Индустриска 1, во населбата Ќерамидница.

Од денеска на овој потег ќе биде воспоставен привремен сообраќаен режим и тој ќе важи до завршување на градежните работи. Поради измената на режимот на сообраќај, постојната автобуска станица во близина на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дислоцирана и ќе биде соодветно обележана, соопшти Град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.