Град Скопје: Намален бројот на огнови на отворено

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 13 до 19 февруари на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала само пет пријави од граѓаните. Сите пријавени огнови на отворено во текот на изминатата недела се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите, соопштија од Град Скопје.

Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.

Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега, како што велат од Градот, има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.