Изградбата на булеварот АСНОМ во тек

Градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ, на потегот од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелевски се во тек, информираат од Град Скопје.

 

Екипите на Град Скопје изминатиов период целосно ја асфалтираа десната страна од проширениот булевар, а набрзо ќе почне да се асфалтира левата страна. Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, новиот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

 

 

Ова е првата од трите фази за изградба на овој булевар, а во наредните фази ќе биде изграден мост на реката Вардар и проширениот булевар ќе се поврзе со булеварот Гоце Делчев. Со целосната реализација на овој капитален проект ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.

 

 

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.