Инспекторат за животна средина : Кај МЗТ дошло до капење на киселина од метален резервоар

Државниот инспекторат за животна средина ги демантира наводите на Инспекторатот на Град Скопје дека имало истекување на солна киселина во близина на МЗТ, заради тоа што се преземени мерки за преточување во друг резервоар.

 

„Ваквите лажни информации за наводно истекување на киселина шират паника и дезинформаицја кај граѓаните“, се вели во соопштението. Исто така, ДИЖС ја демантира информацијата што е пласирана до медиумите дека Макохемија АД-Скопје не поседува елаборат за заштита на животнта средина, субјектот поседува Согласност на еколошки елаботат со архивски број 11-1139/2 од 12.03.2004 година, согласно тогашните законски прописи. ДИЖС изнесените лаги и клевети на градските власти дека другите институции не постапуваат ги смета како недолично однесување на институцијата и ги отфрла во целост, се додава во сопштението.

 

Како што наведуваат од Државниот инспекторат за животна средина, по добиените информаци од социјалните мрежи за ширење на неподнослива миризба од страна на граѓаните на населба Автокоманда во оштина Гази Баба, на 2 декември постапувајќи по службена должност извршиле вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Макохемија АД-Скопје, ул.Перо Наков бр.41 (која не се наоѓа во кругот на МЗТ). Притоа е констатирано дека претходниот ден околу 19 часот дошло до капење на хлороводородна киселина со концентрација од 30-32 % која била скаладирана во метален резервоар со капацитет од 50 тона. Во моментот на прокапувањето во резервоарот имало количина на залиха од 10-15 тони. Резервоарите каде се складира хлороводородна киселина имаат изградено танквана - непропустлив бетонски базен заради заштита. Веднаш по утврдувањето на прокапувањето од страна на правниот субјект преземени се превентивни мерки.

 

По пријава од општински советник на Општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабриката МЗТ, дежурните екипи на Инспекторат на град Скопје пред два дена информираа дека веднаш реагирале и го пронашле сторителот.

 

„Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување“, соопшти Инспекторатот на Град Скопје на Фејсбук.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.