Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Од ЈП Водовод и Канализација – Скопје информираат дека водата во главниот град е безбедна и квалитетна за пиење.

 

Анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола покажале дека резултатите од испитувањата на сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

 

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.11.2019 до 15.11.2019 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.