Попожено цвеќе пред Споменикот на Првоборецот Периша Савелиќ-Самсон во Ново маало

Пред Споменикот на Првоборецот Периша Савелиќ-Самсон во Ново маало во Скопје денеска цвеќиња положија делегации на Град Скопје, Градскиот одбор на Сојузот на борците, амбасадорката на Црна Гора и градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ.

 

Со овој чин делегациите му одадоа почит на Периша Савелиќ, комунистички деец, Црногорец, учесник во НОВ во Македонија, кој во 1941 година го формирал Првиот скопски партизански одред.

 

Во непосредна близина на споменикот во знак на пријателство, почит и понатамошна соработка помеѓу двата града е засадено и дрво на пријателство, а градоначалникот Вуковиќ на градоначалникот Шилегов му ја предаде и изгравираната плочка што ќе биде поставена до дрвото на пријателството.

 

Двата града Скопје и Подгорица се збратимени од 2008 година и во континуитет  имаат успешна соработка во повеќе области, особено во областа на културата, уредувањето на просторот, прашањата од комуналната сфера, туризмот и заштитата на животната средина.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.