Инструментите на моите предци - нова манифестација за деца

ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ-2019 е наслов на новата манифестација, фестивал и натпревар наменет за деца до 17 години.

 

Фестивалот ќе го организира и реализира Детскиот културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје.

 

Манифестацијата ќе се одржи за прв пат од 15 до 17 ноември 2019 година.

 

Овој фестивал и културно натпреварување на народни и класични инструменти и магијата на звукот има за цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.