Макрадули: Собрани и испитани се сите хемикалии во „Охис“, нема никаква опасност

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули на Фејсбук објави дека инцидентот во фабриката „Охис“ е саниран и дека сите хемикалии се собрани и детални испитани.

 

„Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции.

 

Станува збор за процес на чистење на 11 видови хемикалии, кој трае 9 месеци. Сите хемикалии кои се собрани се детално испитани. Досега целиот хлор е отстранет и изнесен, како и дел од другиот опасен отпад кој се наоѓал во кругот на ОХИС.

 

Oва е систем каде целосно се знае каде точно завршуваат сите овие хемикалии. Тие се препакуваат и како опасен отпад се извезуваат надвор од државата. Откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение.

 

Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерења од страна на Лабараторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот“ напиша Макрадули.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.