Надлежните тврдат: Состојбата во „Охис“ е под контрола, нема место за паника

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, информира дека состојбата во Охис е целосно под контрола и дека нема место за паника.

 

„Имено, излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна, токму при вакви случаи. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста. Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре“, се наведува во вчерашното соопштение.

 

Случајот со излевањето на цистерната од ОХИС во МВР го пријавиле граѓани што почувствувале главоболки, печење во грлото и очите. Тие веднаш за случајот ја информирале и скопската полиција по што вчера попладне беше извршен увид на местото на инцидентот, а беше повикана и Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.