Околу 2.000 велосипедисти возеа низ улиците во рамки на караванот „Скопје на точак“

Околу 2.000 луѓе беа пријавени на „Скопје на точак“.

 

Тие ги возеа своите велосипеди на караванот кој се одржува втора година по ред.  „Скопје на точак“ е под покровителство на Град Скопје и се организира од Сојуз на спортови на Скопје.

 

За безбедноста на караванот и неговите учесници се погрижија МВР кои заедно со организаторите ги водеа учесниците по брзина од 20 километри на час.

 

Регистрацијата беше бесплатна и на лотаријата беа доделени неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.