Утре автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

Утре, петок (11.10.2019 година), поради државниот празник 11 Октомври-Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

 

Истиот режим ќе важи и в сабота (12.10.2019 година) и недела (13.10.2019 година).

 

В петок (11.10.2019 година) дежурни ќе бидат три билетарници:

Транспортен центар 7-19.30 часот

Зелено пазарче 7-19.30 часот

Ѓорче Петров 7-13 часот

 

В сабота (12.10.2019 година), билетарниците ќе работат со вообичаено работно време, а во недела (13.10.2019 година) вообичаено дежурни ќе бидат посочените три билетарници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.