Втор ден активности во Европската недела на мобилност

Пешачка тура низ Зоолошката градина за основците, забавно-рекреативна манифестација „Движи се за здравје“ и трибина за чекорите што ги презема Град Скопје што придонесуваат за подобра мобилност се организира денеска, соопшти Град Скопје.

 

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“.

Партнер на Град Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, ГИЗ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница „Титан“, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Екосвест, Екологик, Гоу грин, Смарт ап, Електромобилност и други.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.