Делови од Центар, Илинден, Петровец и Карпош утре без струја

Од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе останат дел од корисниците од булеварот „11 Октомври“ кулите број 12, 14 и 16 и објектите во близина на Зелениот пазар.

 

Во периодот од 8:20 до 9 часот и од 13 до 13:30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од мралински мост во селото Мралино, ТС Мралински Мост 1 и 2 во Општина Илинден, улицата „1“ во Јурумлери, ТС Млекара Битола, ТС Жито Алтан, ТС Викенд населба Наово, ТС Дрма 4 и ТС Монопласт во Општина Петровец.

 

Без струја утре од 9 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Хашка“, „Јоаким Осоговски“, „Осло“, „Женевска“, „Будимпештанска“, „Урош Џудовиќ“, „Бањалучка“, „Љубица Георгиева“, „Московска“, а од 9 до 11 часот корисницитге на улицата „Дамаска“ во Општина Карпош.

 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа во Град Скопје. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.