Здружението ХОПС ја поздравува одлуката за почеток на дисперзија на програмите за лекување зависност

 Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја поздравува одлуката на Министерството за здравство за почеток на дисперзија на програмите за лекување зависност, односно децентрализација на третманот на повеќе локации во Скопје.

 

– Базирано на нашето 20-годишно искуство и добрите примери од други земји, долго време препорачувавме дека дисперзија на лекувањето во секоја скопска општина најдобро ќе одговори на потребите на клиентите. Повторуваме дека пристапот до лекување на зависности блиску до местото на живеење е право, а не привилегија, исто како и за секоја друга здравствена состојба, се вели во соопштението од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

 

Според ХОПС, намалување на бројот на пациенти на една локација ќе го подобри квалитетот на лекувањето, што е во интерес и за самите пациенти и за граѓаните.

 

ХОПС апелира до надлежните да вложат напори за обезбедување технички и кадровски капацитети за унапредување на психосоцијалната компонента од лекувањето која, како што се наведува, треба да стане неразделна од фармаколошкиот третман со супституциска терапија, а со цел успешна рехабилитација и ресоцијализација на луѓето кои се лекуваат од болести на зависност.

 

Од ХОПС изразуваат надеж дека дисперзијата ќе биде направена согласно реалните потреби на пациентите и ќе бидат разгледани опции за овозможување третман на зависности на дополнителни локации кои не се предвидени сега, според потребите.

 

Организацијата очекува процесот да биде транспарентен, со вклученост на пациентите, здруженијата на граѓани кои работат на оваа проблематика и другите засегнати страни. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.