Град Скопје: Кај поранешната депонија Вардариште се истура земја со цел порамнување на површината и нејзино користење

 Град Скопје преку соопштение реагира на, како што се посочува, лагите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на која го обвинуваат Градот за фрлање шут во населено место „Кирил Петрушевски“, кај поранешната депонија Вардариште.

 

-Сакаме да ја информираме јавноста дека на приложените фотографии и видеа, посочените камиони истураат земја, а не шут и комунален смет како што тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа активност се прави со дозвола на Град Скопје и Општина Гази Баба и се извршува со цел порамнување на површината и користење на овој јавен простор, појаснуваат од Град Скопје во реакцијата на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Градот Скопје, се додава, останува посветен на чистење на дивите депонии во Скопје и изминатава година во големи акции беа мапирани и расчистени депонии со над 3000 кубни метри смет. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.