Утре без струја делови од скопскиот регион

 

Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од „ЕВН Македонија" АД, без струја од 06:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од с. Варвара и дел од с. Батинци во Општина Студеничани.

 

Од 07:00 до 13:00 часот корисниците од објектите кои се наоѓат во близина на ЈЗУ Универзитетска Клиника по хирушки болести, „Св. Наум Охридски" на ул. 11-ти Октомври во Општина Центар и од 09:00 до 12:00 часот, објектите во кругот на спортскиот аеродром, „Стенковец". во Општина Чучер Сандево.

 

Утре без напојување со електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат и  корисниците од дел од село Горно Оризари во Општина Ѓорче Петров, во Општина Карпош, пак, без струја од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Пресека и дел од ул. Сливовска, од 09:30 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Бранислав Нушиќ, од 09:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Букурешка и од 11:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Париска и ул. Хелсинска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.