Викендов во Градски парк се одржува фестивал на цвеќето

Под мотото „Скопје цвета“ викендов, на 18 и 19 мај, во Градскиот парк, ќе се одржи шестиот по ред фестивал на цвеќето. Цветниот фестивал е во организација на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, а ќе започне во 11.30 часот, откако ќе тргне цветното дефиле со деца од градинките и основните училишта пред паркингот на бараките на Град Скопје.

 

Од Град Скопје, велат дека фестивалот има цел на едно место да ги обедини љубителите на цвеќето и на природата, урeдувањето на околината, уметниците, децата и учениците, кои на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот.

 

– Во текот на двата фестивалски дена пред граѓаните ќе се промовира одгледувањето цвеќе, а најмладите ќе имаат можност да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата и за заштитата на животната средина. Посетителите ќе уживаат во настапите на повеќе музички и танцови изведувачи, ќе имаат можност да вежбаат јога и зумба на отворено и да учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации. Првпат оваа година граѓаните ќе имаат можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици и да вдомат милениче – информираат од Град Скопје.

 

На фестивалот ќе се претстават над 30 изложувачи на цвеќиња, фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологијата.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.