Улица во Скопје ќе го носи името на градот Подгорица

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на билатерална средба со градоначалникот на збратимениот град Подгорица, Иван Вуковиќ најави дека во наредниот период Град Скопје ќе донесе одлука со што една од градските улици ќе го носи името Подгоричка.

 

– На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града, како и областите каде што може да се продлабочи истата. Шилегов и Вуковиќ, како области во кои може да се интензивира соработката ги издвоија спортот, образованието, културата и туризмот, соопштија од Град Скопје.

 

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и двата града соработуваат и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и градските проблеми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.