Лицата со посебни потреби со куче придружник ќе можат да ги користат услугите на ЈСП Скопје

Во возилата на ЈСП Скопје и во кабините на Жичарницата на Водно отсега ќе биде дозволено лицата со посебни потреби да можат да влезат со куче придружник.

 

Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности, соопшти ЈСП Скопје.

 

Апелираат и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.

 

Од ЈСП Скопје ги повикуваат сите корисници на нивните услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на таа категорија лица.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.