Осум автобуски линии ќе возат по друга траса од вообичаената во Бутел

Дел од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на потегот од улицата „Ферид Бајрам“ до улицата „Боца Иванова“, денеска од 7 часот е затворен за сообраќај поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот.

 

Како што соопшти Град Скопје, за време на градежните работи сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

 

Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица.

 

Поради градежните работи и времениот сообраќаен режим од ЈСП информираат дека автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената.

 

Возилата од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе вртат лево по улица „Ферид Бајрам“, потоа десно по улица „Кемал Сејфула“, а оттаму секој по својата утврдена траса.

 

Се очекува времениот режим на сообраќање да трае 7 дена.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.