Граѓаните годишно донираат 30 тони облека, најубавата завршува во продавницата Копче

 

Скопјани на годишно ниво во контејнерите на Црвениот крст на Град Скопје донираат над 30 тони стара облека.

 

Дел од неа иако е носена, може повторно да се користи. Така, жителите на главниот град, облеката на нивните деца која веќе не им е точна или пак сопствената облека која многу ретко ја носат, сè почесто се одлучуваат да им ја дадат на социјално ранливите категорија граѓани.

 

Донираната облека се селектира во магацините на Црвениот крст и потоа се дистрибуира до крајните корисници, а најубавите парчиња се носат во продавницата Копче, која функционира во рамки на Црвениот крст и каде по многу ниски цени може да се купат убави, сочувани, па дури и брендирани алишта.

 

Александра Боева, од Црвениот крст, за Прва скопска денеска информираше дека свеста кај граѓаните за донирање на квалитетна и сочувана облека се повеќе расне, но се појавува и желба за купување пристојна гардероба, за ниска цена, нешто што оваа социјална продавница го нуди.

 



Голем дел од облеката која е неупотреблива, подложи на таканаречена пачворд техника, при што повторно се преработува и им се донира на установите во кои што има згрижено лица во социјален ризик.

 

Сè позачестените се кражби на донираната облека од страна на несовесни граѓани. Иако Црвениот крст наГрад Скопје е запознаен со ваквата практика, сепак не се во можност да ги спречат ваквите кражби на донации. Токму на таков вандалски чин бевме сведоци и ние, при што беше оштетен контејнерот за облека пред Црвенот крст на Македонија.

 

Но, и покрај несовесните граѓани, Копче останува да биде продавница, за добри дела.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.