Бесплатен јавен превоз во Скопје од 12 часот

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје" соопшти дека од денеска во 12 часот е бесплатно користењето на јавниот превоз во главниот град.

 

Одлуката, со која автобусите на ЈСП и приватните превозници од денеска напладне ќе возат бесплатно, е дел од итните мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.

 

Таа следува откако квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, односно над 188 микрограми на кубен метар на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.

 

Одлуката ќе  важи сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.